Во текот на вчерашниот ден во 13:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека кај с.Псача, при изведување на градежни работи, била пронајдена авионска граната со тежина од 100 кг, која потекнува од Втората светска војна.
Извршен бил увид, а од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.
Макфакс