Земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Eпицентарот е на 97 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија.
Според досегашните информации со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала,
Макфакс