Најголемиот наш стратешки парнер САД со Предлог Резолуцијата за македонскиот јазик, култура и историја уште еднаш на дело ја покажува својата посветеност во поддршката на нашата држава, велат од СДСМ.
Според партијата на власт, Резолуцијата во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја е уште една потврда за успешноста на меѓународната политика на СДСМ и признание за конструктивната улога на Македонците во градењето на американското општество.
Претходно, како што потсетуваат, слична Резолуција донесе и германскиот Бундестаг, со што македонскиот јазик, култура и историја добиваат признанија и промоција насекаде низ светот.
„Наспроти лагите на ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет, факт е дека тие денес се заштитени и меѓународно потврдени како никогаш претходно. СДСМ, како државотворна партија, продолжува да работи на дополнителна меѓународна афирмација на македонскиот јазик, култура и посебност и да ги остварува стратешките цели на државата“, посочуваат од СДСМ, во нивното соопштение.
Макфакс