Во текот на вчерашниот ден, во 15.10 часот, било пријавено дека на регионалниот пат од с. Неготино, кој води за автопатот, патничко возило „фиат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с. Сенокос, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил еден малолетен сопатник од возилото, а возачот и уште еден малолетен сопатник добиле телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Гостивар.
Макфакс