Потрагата по 29-годишното момче кое што минатата недела исчезна продолжува и денес на вештачкото езеро Глажња. Ова го посочи директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов кој рече дека се пребарува и под вода но и на брегот на езерото, а со заеднички тимови ќе продолжи се до моментот додека не се најде телото.
Ангелов додаде дека видливоста е слаба, длабочината е голема, а нашите нуркачи нуркаат до 40 метри длабочина.
Директорот на ДЗС( Дирекцијата за заштита и спасување) Беким МАксути рече дека денешниот ден и следните два се критични, за да биде потрагата успешна, за да се заокружи една хумана мисија и да им се помогне на граѓаните.
Од Центарот за управување со кризи претходно објавија дека се работи за маж со иницијали Ф. Р..
Сличен случај имаше пред две недели кога се трагаше по 29-годижен маж, кој исчезна. Несреќниот настан се случи во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош.
Седум дена подоцна беше извлечено безживотното тело на мажот.
Макфакс