Завчера во селото Кучково, скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Чашка при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода А.С.(50) од селото Ласкарци, скопско.
Имено, во наведеното време, полициски службеници го затекнале лицето како со товарно возило го попречува нормалното движење на сообраќајот во село Кучково. Откако му било посочено дека сторил прекршок и дека ќе му биде поднесен прекршочен платен налог, тој извадил 1000 денари, ги фрлил во службеното возило и од полициските службеници побарал да не му пишуваат казна, велат од МВР.
Веднаш потоа тој бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Макфакс