Туристите во Црна Гора се изненадени од цените на плажите, но и сместувањето и храната, па така, едноставен ручек четиричлено семејство чини го чинело повеќе од 250 евра.
.
Весникот „Дан“ од Подгорица објави фотографија од сметка што им ја испратил читател, на која се гледа дека за ручек за четиричлено семејство во ресторан во Луштица биле исплатени 256,50 евра.
Според сметката, киселата вода во овој ресторан чини 4 евра, чаша вино 13 евра, салата и тестенини по 18 евра, а десертот за кој читателот тврди дека бил минијатурен чинел дури 12 евра.
makfax.com.mk