Коментари

Ако се ослободиме од ДУИ ќе и покажеме на ЕУ дека сме зрели за преговори, а не ако внесеме двајца без тројца во Уставот, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека веќе 20 години Македонија е под постојан рекет од ДУИ.

„Премиерот не ги проследува оставките на министрите од ДУИ до претседателот на Собранието согласно деловникот. ЕВН се договор со ДУИ дали жителите на одделни села треба да плаќаат за струја или не. Членови на ДУИ стануваат Јавни обвинители стануваат пред да завршат факултет. Членови на ДУИ добиваат тендери од државата и од тие пари плаќаат процент на Али и на мафијата наречена партија. Членови на ДУИ добиваат плата за неодење на работа. Членови на ДУИ играат фудбал во канцеларии. Членови на ДУИ држат партиски состаноци во Владата. Членови на ДУИ најотворено прават криминални дејствија заради кои се непожелни за редица држави меѓутоа не и за правосудните органи во Македонија…
Веќе 20 години Македонија е под постојан рекет на ДУИ.
Зрелоста за започнување на преговори со ЕУ ќе ја покажеме ако успееме да се ослободиме од ДУИ а не ако внесеме во Уставот двајца без тројца кои се обидуваат да докажат дека не постојат Македонци како посебна етничка заедница со посебна култура, јазик и историски развој“, вели Најчевска

На почеток