Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави, по завршувањето на сослушувањето пред судот во Вашингтон, дека обвинувањата против него претставуваат „прогон на политички противник“.
„Ако не можете да ги гоните, судете ги“, рече Трамп додека им се обрати на медиумите на аеродромот во Вашингтон.
Тој рече дека „ова е многу тажен ден за Америка“.
Трамп е обвинет по четири точки.
Федералните обвинители, предводени од специјалниот обвинител Џек Смит, во обвинението наведуваат дека Трамп „бил решен да остане на власт“ по поразот на изборите и дека тој и шестмина соработници организирале заговор за да ги поништат резултатите што доведоа до нападите на Капитол на САД на 6 јануари 2021 година.
Трамп негира дека сторил какво било кривично дело и случајот го оцени како политички мотивиран.
makfax.com.mk