Карди Би нема да добие тужба откога фрли микрофон кон еден фан во текот на концерт.
Раперката минатиот викенд настапуваше во „Дреи’с бичбар“ во Лас Вегас, каде што ја замоли публиката да ја испрскаат со вода за да се разлади. Човек од публиката фрли чаша со мраз и мистериозна течност внатре. Таа веројатно ова не го очекуваше, па реагира непромислено. Го фрли својот микрофон кон публиката, кој се одби и погоди друго лице, кое ја пријавило во полиција.
30-годишната раперка била наведена како осомничена за лесен напад, но полицијата заклучила дека таа не направила ништо казниво, а случајот не е доставен до канцеларијата на окружниот обвинител.
Адвокатите на Карди изјавија за ТМЗ во четвртокот: „Попладнево бевме известени од полицискиот оддел во Лас Вегас дека како резултат на нивната истрага нема да биде поведена тужба против Карди. Во име на Карди го цениме трудољубивото и брзо решавање на овој случај од страна на градската полиција на Лас Вегас“.
Макфакс