Македонија

Акциска контрола во угостителски објекти во Битола: Тројца малолетници послужени со алкохол

Акциска контрола во угостителски објекти во Битола: Тројца малолетници послужени со алкохол

На (04/05.08.2023) во периодот од 23.00 до 02.00 часот, полициски службеници од СВР Битола во содејство со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Трудовиот инспекторат и Центарот за социјални работи Битола спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Битола.

dobivaj vesti na viber

При контролата на ракометното игралиште, било констатирано дека правен субјект кој организирал концерт послужил тројца малолетници со алкохолни пијалоци. Додека, при контрола во угостителски објект на ул.„Широк Сокак” во Битола биле затекнати двајца малолетници на пробна работа после 24.00 часот. При контролата бил извршен преглед над 35 лица, а за сите констатирани неправилности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Макфакс

На почеток