По скоро два часа се чека за да се помине грчка граница „Евзони“ и да се влезе во Македонија. Возилата стојат во место, патниците се нервозни, а дополнителен проблем се високите температури. Возачите велат дека гужвите се ужас, како и дека овој проблем е секоја година, во тек на летната сезона.
Сите три ленти за возење се блокирани. Некои од возачите седат во, додека други, надвор од автомобилите. Колоната е километарска. Најголем дел од возилата се со македонски и српски регистрации.
Поголеми гужви се очекуваат за утре, кога, завршува викендот.
За излез од Македонија, се чека по 20 минути.
Макфакс