Свет

Учесниците во пукањето во Приштина имале и по десетина други кривични дела

Учесниците во пукањето во Приштина имале и по десетина други кривични дела

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља информирал дека учесниците во синоќешниот инцидент и пукање во кафулето „Бон виван“ во Приштина претходно имале над десетици кривични дела.

dobivaj vesti na viber

Свечља на Фејсбук соопштил дека се пуштени на слобода, бидејќи, како што навел, „затаила правдата“.

– Двете страни вклучени во судирот имаат десетици претходни кривични дела. Кога правдата ќе затаи, слични ситуации се неизбежни! Правдата е работа на полицијата, обвинителите и судиите. Правдата е комплетен систем кога сите институции ги извршуваат своите функции, пишува Свечља.

Во синоќешниот инцидент едно лице загина, а повредени се 16, од кои, како што пишуваат некои косовски медиуми 14 биле девојки.

makfax.com.mk

На почеток