Коментари

Не знам дали ПР и стратешкиот тим на МНР и Влада знае дека имаме интернет и гледаме надвор од Македонија, а и дека многу смрди дури и со затнат нос, вели Трајковска

После националистичките и екстремистичките изјави на бугарскиот премиер Денков и претседател Радев дадени на 2 август, со кои уште една јавно, гадно и гласно ја позиционираа бугарската непријателската политика кон Македонија и Македонците, да излезеш на 5 август и да им црташ на табла на Македонците дека само уште сега, за последен пат ќе треба да те понижат и ќе мора да затнеш нос и да голтнеш е во најмала рака трагикомично и безобразно, вели новинарката Жанета Трајковска.

„Не знам дали ПР и стратешкиот тим на МНР и Влада знае дека имаме интернет и гледаме надвор од Македонија, а и дека многу смрди дури и со затнат нос и дека ова не се голта.
Друго ќе беше, на пример да имавме како држава испратено протесна, ама било каква нота до Бугарија дека со изјавите на нивните челници го негираат постоењето на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и го зголемуваат непријателството и дупката меѓу двата народи и дека такви изјави се неприфатливи за Македонија.
Прати некој некое пусулче до Бугарите?! Некоја изјава барем од челниците на државата дека се навредени?! Ноуп! Стратегија скриј се под јорган планина, чекај да помине и земи табла да црташ дека последен пат ќе ги боли сограѓаните, ама ќе мора да голтнат и да се навикнат да живеат со смрдеата која доаѓа од нив самите, оти сами си ја лапнале. А секако, мора да се слуша меѓународниот фактор оти тие се фокусираат кон најлесното решение, а кај нас е најтенко, оти ние немаме идеа за нас, па послушно се слушаат сите други, оти врска немаме што значи автохтона и државна политика.
#земисунѓерче“, стои во објавата.

На почеток