Коментари

„Им сметала хипи комуна што го исчистила делот у Маврово неисчистен кузнае од кога, не им сметаат дивоградби никнати низ цела планина“

Неколку стотини лица, главно странци од повеќе држави, веќе неколку дена кампираат покрај Мавровското езеро во близина на село Леуново, палејќи логорски огнови и изведувајќи свои ритуали. Локалното население реагира дека, во ек на сезона на опасност од шумски пожари, само дваесетина дена откако Владата донесе забрана за движење низ шумите во државава токму поради зголемената опасност од палење на сувата вегетација поради високите температури, полицијата и надлежните од Национален Парк Маврово го толерираат овој собир и палењето огнови и тоа на приватен имот на граѓани, кои за тоа не дале согласност.

Пред заминување, странците го истичистија целиот простор, до тој степен, што го собраа ѓубрето останато од други посетители.

По ова, со коментар се огласи Ина Многуфина.

„Им сметала хипи комуна што го исчистила делот у Маврово неисчистен кузнае од кога, не им сметаат дивоградби никнати низ цела планина. Правеле журки под дејство на алкохол, пошо другите журки низ Македонија се со гурабии и слатко од ситни смокви“, коментира Ина Многуфина.

To Top