„Општина Кисела Вода изврши целосно расчистување на снегот и мразот од улиците, тротоарите, автобуските постојки и пристапните патеки до основните училишта и градинки на својата територија.
Општината досега фрли околу 60 тони сол. Доколку во периодот што следува има нови снежни врнежи локалната самоуправа подготвена е да се справи со истите“, велат од Општина Кисела Вода.