По низата критики упатени на социјалните мрежи кон министерот за здравство, во кои тој се критикува дека бара сите деца да се вакцинираат со МРП вакцина, а при вакцинацијата на неговата внука се прави измама, на иглата има капаче, се огласи министерството за здравство.
Од таму тврдат дека Информациите на социјалните медиуми дека министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче ја вакцинирал неговата внука Илина од МРП вакцина е лажна вест!
Во соопштението од министертвото објаснуваат дека : На социјалната мрежа Фејсбук, министерот Филипче објави информација и фотографија како ја вакцинира внуката со вакцина од редовниот календар на имунизација, со цел со неговиот личен пример да и покаже на јавноста дека вакцинацијата е вистински чекор во заштита од заразните болести.
„Мојата внука е мала, и не може да биде вакцинирана од МРП вакцината. Но, јас како дел од здравствените работници ги уверувам сите граѓани дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, и тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Демантирам дека иглата при вакцинацијата била со капаче. Станува збор за еден адаптер кој се надоврзува на шприцот. Поради тоа на фотографијата не се гледа иглата на вакцината“, изјави министерот Филипче.
Од министертвото уште апелираат граѓаните да ги проверуваат вестите кои се пласираат во дел од медиумите, бидејќи според нив станува збор за лажни вести.