Македонија

СДСМ: ДПМНЕ да даде поддршка на уставните измени со кои се забрзува процесот на евроинтеграции

СДСМ: ДПМНЕ да даде поддршка на уставните измени со кои се забрзува процесот на евроинтеграции

„Откако се исполнија сите услови што Христијан Мицкоски ги постави, сега пратениците од неговата партија треба да дадат поддршка на уставните измени. Веднаш по усвојувањето на измените, започнува и отворањето на првите поглавја во преговорите со ЕУ“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Мицкоски и ДПМНЕ повеќе од една година ги лажеа граѓаните за наводно загрозување на македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, но факт е дека тие денес се меѓународно заштитени и потврдени како никогаш до сега.

Доказ за тоа е Предлог Резолуцијата во Сенатот на САД, како и претходно усвоената Резолуција од германскиот парламент. Факт е и дека нема да има нови барања и нови условувања на нашиот европски пат, а за тоа постојат гаранции и највисоките европски претставници и челници на големи земји членки на ЕУ“, соопшти СДСМ.

„По 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност. Сега е потребно обединување, потребен е сериозен исчекор и забрзување на процесот на преговори со крајна цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Секој пратеник, секој политички субјект има одговорност да се вклучи во процесот и да даде поддршка на измените на Уставот, се друго е дејствување спротивно на државните и национални интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Макфакс

На почеток