Македонија

Со кои аргументи Апелација ја намали казната: Николов се кае, пред две години брат му загинал во сообраќајна несреќа, а избегал оти не можел да помогне

Со кои аргументи Апелација ја намали казната: Николов се кае, пред две години брат му загинал во сообраќајна несреќа, а избегал оти не можел да помогне

Обвинетиот многу се кае за стореното, пред две години во сообраќајна незгода загинал неговиот брат, а пред кратко време и ја изгубил и неговата мајка што секако оставило длабок траг на неговиот живот.  Ова го пишува во пресудата на Апелацискиот суд за велешанецот Ангелчо Николов кој наместо 18 години затвор, ќе треба да одлежи 8 години, за несреќата во која минатата година ја прегази 11-годишната Магдалена Иванова и ја усмрти, по што се даде во бегство повеќе од 30 часа, па самиот се пријави.

dobivaj vesti na viber

Во конкретниот случај, се вели во пресудата на Апелација, обвинетиот го напуштил местото на настанот бидејќи од едена страна не можел да и помогне на жртвата, а од друга страна се плашел од реакцијата на мајката на починатото дете. Самиот се пријавил во полициска станица и несомнено ја признал вината во текот на постапката која во секој случај претпоставува и значи дека обвинетиот се кае за стореното.

Апелација во аргументите наведува и дека се работи за млад човек, неженет, досега е неосудуван и постапка за друго кривично дело не се води.

Понатаму, Апелација додава дека Првостепениот суд по однос на одлуката за висината на казната елаборира дека ваквата казна во траење од 18 години е пред се поради
ресоцијализацијата на обвинетиот, што во конкретниот случај секако може да се постигне и со далеку пократка казна затвор. Согласно ЗКП, признанието на вина упатува на обвинетиот да му се изрече казна со примена на одредбите за ублажување на казната меѓутоа во конкретниот случај првостепениот суд признанието на вина го цени единствено како олеснувачка околност по однос на ефикасно завршување на постпката меѓутоа не се стекнал со впечаток дека обвинетиот се кае за стореното иако таквиот заклучок е далеку од вистината.

„Обвинетиот Анѓелче Николов на јавната седница наведе дека ги прифаќа во целост жалбите поднесени од страна на бранителите и се согласува со одбраната дадена од страна на неговите бранители со дополнување дека е виновен за стореното, се кае за се што се случило и го моли судот да му ја намали казната“, велат од Апелација.

Судот како олеснителни околности го зема и тоа што Николов бил слабо имотен, немал оформено семејство, па смета дека се поблага казна позитивно би се влијаело на обвинетиот да се ресоцијализира.

Пресудата на Апелација е донесена по пет месеци од изрекувањето на првостепената.

Макфакс

На почеток