Магазин

Крис Нот призна дека бил неверен, но целосно ги отфрли наводите за сексуални напади

Крис Нот призна дека бил неверен, но целосно ги отфрли наводите за сексуални напади

Крис Нот категорично ги демантира наводите за недолично сексуално однесување во своето прво интервју за обвинувањата кои неславно ја прекинаа неговата кариера.

dobivaj vesti na viber

Актерот (68), кој тврди дека сè уште е близок со своите поранешни колешки од „Сексот и градот“, изјави за „Ју Ес Еј тудеј“ дека сите средби што ги имал надвор од неговиот брак биле консензуални.

„Залутав од сопругата и тоа е поразително за неа и, не е многу убава слика“, изјави тој за весникот. „Но, тоа не е злочин.“

Поранешната ѕвезда на „Закон и ред“ е во брак со Тара Вилсон (38) од 2012 година. Двојката беше заедно 10 години пред да се венчаат. Тие се родители на Орион (15) и Китс (три). Нот откри за весникот дека разговарал со својот тинејџер за ситуацијата.

Нот го призна своето неверство: „Си ги даваш истите оправдувања како и многу мажи, тоа е само мал танц на страна, и забавно е.“

„Се правдав со тоа што си велев: не повредуваш никого, никој нема да знае за ова, сексот е само задоволство.“

„И одеднаш, многу сакаат да имаат секс со тебе. Тоа е како: па, нема повторно да ја добијам оваа шанса.“

Четири жени раскажаа различни приказни за своите искуства со ѕвездата на „Сексот и градот“. Во декември 2021 година, само неколку недели откако неговиот лик (мистер Биг) починува во продолжението на „Сексот и градот“, две жени излегоа во јавноста со своите наводи за сексуален напад. Една од нив тврдеше дека ја силувал во 2015 година, откако го запознала актерот додека работела во ноќен клуб. Втората изјави за „Холивуд репортер“ дека дека ја силувал во 2004 година. Третата се огласи набргу по написот и, во разговор со „Дејли бист“, рече дека актерот ја нападнал кога имала 18 години во ресторан во Њујорк. Нот ги негираше ваквите наводи, заедно со тврдењата на четвртата жена која исто така го обвини за недолично однесување.

Претставникот на актерот ги нарече наводите целосно лажни.

Харизматичниот Мистер Биг, беше „убиен“ во првата епизода од новото поглавје на култната серија, потег што беше планиран како дел од заплетот. Во сцената, Мистер Биг, љубовта на Кери Бредшо, умира од срцев удар додека вози статичен велосипед.

Сè заврши со неколку написи во весници. Против актерот не беа поднесени никакви тужби, но обвинувањата нанесоа сериозен удар на неговата кариера.

Макфакс

На почеток