Македонија

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на регионалниот пат Гостивар-Градец

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на регионалниот пат Гостивар-Градец

Вчера попладне во 14.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар-Градец, во село Сенокос, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.Р. од Градец и патничко возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот Ш.К. од Сенокос, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетен сопатник во возилото со гостиварски регистарски ознаки, констатирани во Ургентен центар во Гостивар, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Макфакс

На почеток