Царинската управа заплени обврзници со вредност 92 милиона долари.
Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, објави дека заплената се случила на 28 јули, а станува збор за 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари.
Обврзниците биле пронајдени кај патник – турски државјанин, кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и не пријавил стока. При контролата обврзниците биле забележани во четири папки, сместени во рачна црна торба.
Извршени биле разговори, прибрани биле и докази, како и консултации со државните и меѓународните инстутуции, како што се ИНТЕРПОЛ и СЕЛЕК.
Во согласност со одредбите од Законот за Царинската управа, поднесена е соодветна пријава до надлежниот суд. Судот ги одзел обврзниците, а на лицето му е изречена глоба.
Обврзниците, како што истакна Богоев, ќе ѝ бидат предадени на Агенција за одземен имот.
Богоев укажа на постоен тренд во глобални рамки на злоупотреба на обврзници како инструмент на перење пари.
Макфакс