Свет

Ја убил девојката и нејзините родители, а потоа и своите

Властите во американската сојузна држава Вирџинија го уапсија Дакота Териот (21) кој бил осомничен за убиство на родителите и уште три лица во државата Луизијана.

Во соопштението од полицијата се наведува дека Териот е уапсен од страна на безбедносната служба во областа Ричмонд. Териот е обвинет за убиство од прв степен и илегална употреба на оружје.

Полицајците кои стигнале на местото на настанот ги затекнале неговите родители кои биле тешко ранети. Тие веднаш биле пренесени во болница каде што починале.

Напаѓачот претходно убил три лица, а според некои медиуми станува збор за неговата девојка и нејзините родители.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток