Свет

Словенечкиот министер за култура поднесе оставка по самоубиството на вработен

Словенечкиот министер за култура Дејан Прешичек, обвинет за мобинг, поднесе писмена оставка до премиерот Марјан Шарец.

Прешичек неодамна се најде на удар во медиумите по обвинувањата за мобинг во Министерството за култура, а целата приказна кулминираше со самоубиство на еден од вработените.

Според словенечките медиуми, човекот што извршил самоубиство е татко на три деца, боледувал од рак и постојано се жалел дека му се врши притисок од министерот и неговите најблиски соработници.

Министерот во оставка, ги отфрли обвинувањата за мобинг, но признал дека го користел службениот автомобил за приватни цели, за што исто беше обвинет.

Во писмото до премиерот , Марјан Шарец, министерот Прешичек пишува дека неоправдано бил изложен најавен линч и дека тој не е човек без чувства, како што го претставиле медиумите.

РТ Словенија неофицијално извести дека премиерот нема да ја прифати оставката на министерот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток