Јапонија им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот Нагасаки пред 78 години, повикувајќи ги земјите да се откажат од нуклеарното оружје, додека градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, рече дека државите кои поседуваат нуклеарно оружје треба да го отфрлат.
Оваа порака градоначалникот ја упати на комеморацијата, која беше многу помала од вообичаеното бидејќи Јапонија се соочува со минување на тајфун. Поради тоа на комеморацијата не присуствуваа гости од Јапонија и странство, меѓу кои и премиерот Фумио Кишида.
По првпат од 1963 година, комеморацијата на жртвите не се одржа во Паркот на мирот Нагасаки, туку во изложбена сала.
На церемонијата во 11:02 часот беше одржано едноминутно молчење за жртвите во спомен на 9 август 1945 година, кога атомска бомба беше фрлена на Нагасаки. Само во градот Нагасаки 70.000 луѓе загинаа директно од експлозијата, а 75.000 други беа повредени. Јапонија капитулираше на 15 август 1945 година.
makfax.com.mk