Свет

Вучиќ: Ако Украина го признае Косово – губи сè

Ситуацијата во Косово е многу комплицирана, рече Вучиќ пред Самитот на Европската политичка заедница

Ако Украина го признае Косово – губи сè, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој го кажа својот став во врска со шпекулациите дека Украина ќе го признае Косово.

„Видов дека 56 парламентарци потпишаа писмо во кое ме нападнаа, дека помагам на народот на Република Српска, правам проблеми бидејќи нема да го признаам Косово. Што се однесува до Украина, таа е наша пријателска земја. Замислете Украина да го признае Косово – ќе изгуби сè за еден ден. После тоа како може да каже дека се придржува до меѓународното јавно право“, изјави претседателот.

Вучиќ вели дека е горд затоа што не го признава Косово. Србија е земја која не воведе санкции за Русија поради инвазијата на Украина. Во Украина дури имаше онлајн петиција за признавање на Косово, но таа не наиде на некој голем одзив.

На почеток