Свет

Пронајдено српското семејството во Грција по кое се трагаше, немале интернет конекција

Пронајдено српското семејството во Грција по кое се трагаше, немале интернет конекција

Пронајдено е семејството од Србија по кое од вчера се трагаше по веста дека исчезнале. Тие се живи и здрави, објавено е на Фејсбук групата „Грчка инфо“.

dobivaj vesti na viber

„Се јавија. Фала богу што се здрави и живи и уживаат во одморот“, потврдил за српските медиуми извесен Миле Стефановски, кој од почетокот бил инволвиран во овој случај и вчера бил вклучен во потрагата по семејството.

И во Фејсбук групата „Грчка инфо“, која вчера ја објавила веста за исчезнувањето, било потврдено дека семејството е безбедно.

„Девојчето се јави дека се е во ред и дека немаат интернет. Пријавено е и во полиција овде во Грција. Кога ќе се слушнеме со родителите на девојчето, ќе објавиме нови информации“, се наведува во групата.

Како што е објавено, семејството се наоѓа во Лименарија, на грчкиот остров Тасос. Им се скршил екранот на телефонот на кој користат Вибер, па затоа не биле во можност да се јават.

Александар Јоксимовиќ и Снежана Стаменковиќ од Јагодина, кои  исчезнаа во Грција со своите две мали деца, тргнале кон морето решени да најдат сместување кога ќе пристигнат, според информациите кои се наоѓаа на социјалните мрежи. Грчката граница, според објавата, ја поминале на седми август, во 00:30 часот по полноќ.

makfax.com.mk

На почеток