Македонија

Владо Јаневски – бренд амбасадор на NISSAN QASHQAI

Владо Јаневски – бренд амбасадор на NISSAN QASHQAI

„Мојата приказна со новиот Nissan Qashqai почна филмски, како љубов на прв поглед. Додуша еднострано, бидејќи автомобилот не ме виде мене па да се вљуби, ама јас кога го видов ме обзема чувство на инстант атракција. И како во секоја љубовна приказна првичната привлечност поради модерната и префинета надворешна естетика на моделот во бисерно бела изведба со црни детали, набрзо ми се надополни со удобноста и содржините во кабината, како и перформансите во движение. Навистина сум вљубен во мојот нов Nissan Qashqai.

dobivaj vesti na viber

Задоволството стана комплетно со понудата да станам бренд амбасадор од страна на Аутомотив груп, чест ми е да соработувам со бренд кој со децении опстојува на врвот во својата област и константно се надградува во квалитет.

Однапред се радувам за секој километар поминат зад управувачот на мојот нов дом на тркала – Nissan Qashqai –добар за околината и уште подобар за мене“, изјави Владо Јаневски.

Најновиот модел на Qashqai е изработен на новата платформа на Alliance CMF-C која ги поткрепува неговите технолошките надградби, додека пак иновативниот систем e-POWER носи електрификација на истиот.

Tехнологијата е-POWER користи електричен мотор за управување на тркалата, нудејќи моментално забрзување и тивко работење EV – без ограничување на опсегот или грижа за да се пронајде полначот. За разлика од традиционалните хибридни системи, бензинскиот мотор делува како генератор – агрегат за полнење на литиум-јонската батерија со која се полни електричниот мотор.

Моделот Nissan Qashqai е изложен во ексклузивниот салон на брендот Nissan и е достапен за тест возење.

Макфакс

На почеток