Скопје утрово повторно се најде на врвот на листата на најзагадени градови во светот. Македонија со месеци никако да се справи со намалување на загаденоста која ја ветуваше власта предводена од СДСМ пред да дојде на власт.
Скопје според светското рангирање утрово се најде на врвот од листата со 266 ПМ 10 честички на метар кубен, а веднаш зад нас е Пакистан и Индија, додека сме во друштво и на Кина, Бангладеш, Казакстан, Косово и Непал.
Но, не само Скопје, проблем со аерозагадувањето има скоро во сите градови низ земјава. Досега решенијата за овој огромен проблем само на хартија.