Македонија

Левица: Само со линеарно зголемување на пензиите ќе се заштитат најсиромашните пензионери

Левица: Само со линеарно зголемување на пензиите ќе се заштитат најсиромашните пензионери

Левица изразува поддршка на протестите што беа организирани од страна на пензионерите ширум Македонија.

dobivaj vesti na viber

Овие протести, смета партијата, се одраз на непрекинатата борба за социјална правда на нашите постари сограѓани, кои со години работа наназад придонесувале за државата, а моментално се соочуваат со предизвици во однос на финансиска стабилност и задоволување на основните човекови потреби.

„На 14-ти Август во Скопје, најавен е масовен протест, а нивните барања се минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари. Левица ќе застане рамо до рамо со пензионерите на 14ти Август во Скопје и ќе ги поддржи во борбата за пристоен живот“, велат од партијата.

Левица уште еднаш ја потврдува својата искрена борба за социјална правда и поддршка за пензионерите со цел достојна пензија.

Макфакс

На почеток