Македонија

Кучето кое два дена го чекаше газдата пред болница во Прилеп и трчаше по брзата помош кога добил мозочен удар е на сигурно

Се сеќавате ли на познатиот филм Hachi: a dog’s tale, снимен во 2009 година, во главната улога на Ричард Гир и кучето, кое почина на железничка станица чекајќи го да се врати?

Една таква вистинска животна приказна се случува пред болницата во Прилеп.

Кучево е пред болница Прилеп, гласи објавата на Фејсбук, која се споделува а на која никој не може да остане рамнодушен.

Приказната за кучето го разнежни секое срце, а се апелира и да му се помогне.

-Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар. Два дена го чека пред болница сопственикот и не јаде. Која е оваа љубов луѓе. Ги молам сите активисти кои ги имам во пријатели, да не ги тагирам, ако имаат линкови во Прилеп да му се помогне некако со пансион или храна, бидејќи е мавано со камења за да се тргне од ,,луѓе”, вели меѓу другото и апелира за помош, Славко Дамјановски во својата Фејсбук објава.

Подоцна информираа дека кучето е на сигурно.

„UPDATE: кучето е на сигурно
Многу медиуми се загрижија и секоја почит за нив.
Многу почит за здружението за заштита животни од Скопје кое понуди брзо и конкретно решение.
Многу почит за луѓето кои се понудија да покријат финансиски трошоци, луѓето кои се понудија со храна и било каква друга помош.
На крај а не помалку битно, голема благодарност за докторката која алертираше со многу емпатија, емоција и љубов.
Браво
Пс. Кучево е позитива на денот, пример за чиста љубов и лојалност, а сите Вие пример како треба и дека ќе одиме напред како заедница по осветлен пат“, стои во објавата.

На почеток