ДУИ и СДС сложно и едногласно ги менуваа имињата на улиците во 2021 година во Советот на Град Скопје. Без никаква дебата, без консултација на граѓаните пред 2 години во Советот на градот Скопје насилнички беа преименувани речиси 500 улици и мостови и други објекти во главниот град, потсетуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија прашуваат: „Дали неспособните од власта на СДС знаат чиј главен град е Скопје, дали на Македонија или на некоја друга држава?“
Вчера во Скопје без никакви македонски обележја и со голема помпезност и во присуство на премиер од друга држава, беше преименувана улицата Втора Македонска ударна бригада во име на косовски борец Адем Демачи. Улицата го добива името на Демачи, кој нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, ниту пак со Скопје, туку имал националистички идеали поврзани со други држави. Оттука прашуваме дали советниците на СДС знаеле што гласаат во 2021 година во Советот?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие прашуваат колку други спорни имиња на улици, мостови и булевари има во изгласаните измени на имиња на улици, мостови и булевари.
Макфакс
