Македонија

(ВИДЕО) „Видовме сé, освен вистината“: ИРЛ со документарец за пожарот во тетовската модуларна болница

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) утре на МРТВ ќе го објави новиот истражувачки документарен филм за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој изгореа 14 лица, насловен – „Убиство во Тетово”.

Репортерите на ИРЛ повеќе од седум месеци работеле во Скопје и во Тетово и ги собирале и анализирале податоците од документите добиени за овој случај.

„Чудни околности го следат целиот тек на предметот. Замрсени тендерски постапки, контрадикторни вештачења, педесетина сведоци, завидна документација. До сега видовме сé, освен вистината”, се наведува во најавата за документарниот филм МРТВ.

 

На почеток