Македонија

Да не се напнува јавноста со новата подваријанта на ковид, вели Даниловски

Светската здравствена организација новата подваријанта на ковид ЕГ.5, неофицијално наречена Ерис, ја прогласи за „варијанта од интерес“, повикувајќи ги земјите да обрнат внимание во време кога бројот на заразени луѓе во светот се зголемува.

Доктор Драган Даниловски во вестите на „Телма“ вели дека нема простор за паника во случајот на овој сој кој може да ги зголеми хоспитализациите, но не и смртноста.

„Во преку 36 земји е јавена оваа нова варијанта, доминира во Британија и САД, таму се зголемува број на хоспитализирани, но на други местата не, затоа што САД и Британија се стари популации, посколни се потешко да минуваат на Ковид, тоа и кај нас важи, но нема епидемиолошки индикации дека нешто се поместува.

Затоа јас би рекол дека оваа информација за новата варијанта е само за академските стручни кругови, а општата популација нема потреба понатаму да се напнува и непотребно да му се всадува паника, бидејќи не постои причина за тоа.

Мислам дека не само во Македонија, туку и цел Балкан и во цел свет, хоспитализациите може некаде се зголемуваат, но смртноста не се зголемува“, вели професорот.

На почеток