(ВИДЕО) Со „добредојде во Албанија“ Касами го пречека Курти во Тетово

Од
Објавено на

“Добредојдовте во Албанија”. Со оваа парола започнува промотивното видео од вчерашната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово, а видеото го објави тетовскиот градоначалник Билал Касами.
На настанот кој беше организиран со сите почести, освен со интонирање на државната химна на Република Македонија, се вееше и знамето на таканаречената “голема Албанија”, што наиде на остри реакции.
Засега реакција на ваквото видео нема ниту од власта, ниту од опозицијата.
