Арбнора за концертите на Груби: Со народни пари организира приватна забава со пејачи од Албанија и Косово кои некогаш сонувал да ги види во живо


Вечерва на плоштадот „Скендер бег“ повторно ќе се организира журка по повод 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Арберија Дизајн за забавата која ќе се одржи на „ Скендер Бег “ и за предавањата во Маврово се офајди со 100 илјади евра . Во рамки на годишнината треба да видиме стихотворба за која се платија речиси 6.000 евра, промотивно видео за охридскиот рамковен договор кое чини колку и стихотворбата, а и спот за песна кој чини 4.000 евра . Журката на „ Скендер Бег“ за која изминативе две години , Груби не жали пари , уште лани кажа оти се надевал дека ќе стане традиционална.
На социјалните мрежи реагираше фотографката Арбнора Мемети, која вели дека
„Би сакала претседателот и сите други да кажат некој збор за јавно-приватните концерти на Груби.
Овој човек од позиција на заменик премиер во име на мирот со народни пари организира приватна забава со пејачи од Албанија и Косово кои некогаш сонувал да ги види во живо.
Рамковниот договор ни припаѓа на сите нас“, вели Мемети.
