Тасевски до Пендаровски, Ковачевски и Спасовски: Не се осеќате навредено што Курти ви организира приватна журка на која се негира државата
Горам од желба да знам ти Пендаровски, ти Таче и ти Обиџуко, а бе како се осеќате у дубини душе кога го јадете Курти со картата на Голема Албанија среде Скопје, вели актерот Сашо Тасевски.
„Не ви е малку непријатно? Не се осеќате навредено и како луѓе и од позиција на функциите што ги имате? Не ви е срам од вас самите?
Тој Курти ви доаѓа како премиер на протекторат, ви организира приватна етнофашистичка журка на која се негира т.н. држава која ја водите и вие излегувате со соопштенија од типот: Ќе го фатиме тој со картата на Голема Албанија, згрозени сме….
Ќе го фатите жими Курти!
Да сте држава таа журка немавте да дозволите да се случи. Или ќе им влезете со полиција. Замислете среде Загреб Шешељ да прави митинг со картата на Голема Србија. Уште колку секунди живот ќе му остане по таков кикс?
Го*на мекотелски. Вие излегувате со соопштенија само ко ќе видите дека Македонците се бесни, инаку ве боли Курти секогаш кога некој сосед ги негира или понижува Македонците
Се срамам што живеам во ова франкештајнска творба наречена држава“, вели Тасевски.