Ник Џонас доживеал „изненадувачки тежок момент“, како што рече, во текот на својата венчавка.
Пејачот (30) и Пријанка Чопра Џонас (41) се венчаа пет месеци по свршувачката во јули 2018 година. Свадбата беше повеќедневна екстраваганца во родната земја на актерката, Индија.
А сега, Ник се присети на еден непријатен момент од традиционалната индиска церемонија.
„Постои традиција на индиските венчавки каде невестата и младоженецот се креваат на рамениците на членовите на своето семејство и има некаква игра во која едниот на другиот му става венец,“ рече Ник во разговор со „Пипл“.
„Тие се обидуваат први да го стават венецот на другата страна. И тоа е изненадувачки тешко, особено кога имате некој конкурентен како мене и При. Но, тој што ќе успее прв да го стави, таа страна од семејството е подоминантна“.
И покрај сè, на Ник му се допаднала традиционалната церемонија, опишувајќи ја како одличен начин за да се поврзат семејствата.
„Навистина е убаво за членовите на семејството да почувствуваат гордост и тоа е интересна игра и, одличен начин за сите семејства да се поврзат,“ додаде тој.
Во годините по нивната венчавка, пејачот и ѕвездата на „Квантико“ станаа родители на нивното прво бебе, ќерката Малти Мари.
Пријанка (41) претходно изјави дека Ник, иако е млад, прилно е мудар.
Во едно интервју за британски „Вог“, егзотичната убавица го пофали Ник што ѝ помогнал да ги надмине сопствените несигурности: „Тој е мудар човек над своите години… Постојано добивам афирмации од него, за да ме потсети на мојата вредност кога заборавам или кога станувам несигурна во себе.
„Тој за мене гледа низ магла. Го гледа најдоброто во луѓето, рече прекрасната Индијка – актерка, продуцентка и филантроп.
Двајцата се прилично успешни во своите кариери, а имаат и уникатен ритуал кој им помага да останат поврзани.
„Не знаевме кој каква кариера има пред да се запознаеме. Не се познававме добро. И така, понекогаш играме покажи-и-кажи и, споделуваме случајни работи што сме ги правеле за едниот да му покаже на другиот какви сме биле кога сме биле помлади.“
Љубовта на Ник и Пријанка – една од најубавите актерки во Холивуд – ја надминува разликата во години и религијата. Таа е 10 години повозрасна од него, двајцата се од различни религии, а нивната приказна покажува дека љубовта не познава граници.
Макфакс