Македонија

Груби со покана за саемот на „Бехтел и Енка“

И покрај многубројните скандали кои изминатиот период ја брануваа јавноста за изградбата на коридорите од страна на „Бехтел и Енка“, вицепремиерот Артан Груби, на фејсбук ги поканува сите заинтересирани да присуствуваат на саем за вработување кој го организира компанијата во Гостивар.

„Градиме за нови генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на земјата.

Со задоволство можам да објавам дека конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорот 8 и 10Д оваа недела го организира „Саемот за вработување“.

Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност одблиску да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските сегменти „Коридори“ во нашата земја, во следните пет години“, напиша тој.

На почеток