Македонија

Со добри односи меѓу нас, никој нема да настрада, вели Курти по бурните реакции за неговата посета

(Видео) Курти: На Косово власт може да се добие само преку избори, а не со насилство

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Македонија е земја, партнер, сојузник и пријател со заеднички интегративни цели во Европската Унија.

Тој додаде дека во петокот бил во нашата земја на покана на градоначалниците на Чаир и Тетово.

„Беше одлично за нас. Овие средби не се одржуваа како средби и собири против никого. Со добри односи меѓу нас, никој нема да настрада. Останатите изјави не ги коментирав, но секогаш ја изразувавме нашата подготвеност за соработка“, рече Курти.

Тој вели дека имаме работи кои ги спојуваат двете земји.

„И тие се членка на НАТО, а ние тука го имаме НАТО. Ова покажува дека нашите односи се одлични“, рече тој.

По реакцијата на шефот на државата, Стево Пендаровски, за непочитување на државните симболи на настаните, следуваше реакција на претседателот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Тој изјави дека името на улицата Адем Демачи во Скопје ги исполнува сите законски прописи и дека за тоа е одлучено со мнозинство гласови во Собранието на Општина Чаир. Тој додаде дека оваа рута е веќе официјално објавена во Службен весник.

На почеток