Жичарницата утре нема да работи од 10:30 до 11:30 часот

Од
Објавено на

Жичарницата, утре (среда, 16.08.2023 год), нема да работи во период од 10.30 до 11.30 часот.
Едночасовниот прекин на работа на објектот ќе биде поради најавена интервенција во електродистрибутивната мрежа од страна на ЕВН.
По 11.30 часот, објектот ќе продолжи да функционира вообичаено, до 20 часот.
Потсетуваме
⬆️од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот
⬇️во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу
