Затворено градилиште во Инџиково, граделе без документација


Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на својот фејсбук профил објави дека нема да дозволи дивоградби во Гази Баба.
„Утрово во организирана акција, Секторот за инспекциски работи на општина Гази Баба заедно со претставници од Министерството за внатрешни работи го затвори градилиштето во населеното место Инџиково.
На земјиште сопственост на Република Македонија изминатиот период е започната изградба на објект без соодветна документација.
Согласно утврдените законски процедури, незаконски изградениот објект ќе биде отстранет и на тоа место општина Гази Баба ќе изгради детска градинка за жителите од Инџиково.
Од првиот ден на мојот мандат за градоначалник на општина Гази Баба кажав дека компромис со спроведувањето на законот нема никогаш да правам.
Изградба на дивоградби нема да дозволам!
За градежната мафија место во општина Гази Баба нема!“ напиша тој.
