Магазин

(ВИДЕО) Андријана Јаневска и Игор Џамбазов ја преработија „Ми заплакало селото Ваташа“

„Ми заплакало селото Ваташа“ е македонска песна оригинално напишана и музицирана во 1960те години. Текстописец на песната е Лазар Манчевски-Пинџур кој својата инспирација ја црпел од маскрот во Ваташа кој се случил за време на Втората светска војна. Песната била испеана од неколку македонски пејачи, а оригиналот е изведен од Никола Бадев во 1975 година.

Проектот „Македонијо во срце те носиме“ има токму за цел да ги возобнови овие македонските патриотски песни, па така денес тие го објавуваат видео записот за песната „Ми заплакало селото Ваташа“ во изведба на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов. По нивниот маестрален настап на „Златна Буба Мара на Популарноста“ денес уживајте во видеото за истата.

На почеток