Кевин Костнер се пофали дека бил на концерт на Тејлор Свифт со својата ќерка.
„Моите видеа се матни, но поминав неверојатно,“ напиша актерот од „Јелоустоун“(68) на својот Инстаграм-профил и сподели видео од настанот.
„Бев апсолутно воодушевен гледајќи како нејзината уметност зближува толку многу луѓе.“
„Имав прекрасен поглед на нејзиниот бенд и се радував додека ги гледав“, додаде Костнер. “Инспиративна ноќ. Официјално сум Свифти!”
За потсетување, канти-поп ѕвездата Тејлор Свифт има армија обожаватели кои себеси се нарекуваат Свифти.
Костнер е татко на седум деца: Ени, Лили и Џо Костнер (од бракот со Синди Силва), синот Лиам (со поранешната партнерка Бриџит Руни, и Кејден (16) Хејс, (14) и Грејс (13) – со отуѓената сопруга Кристин Баумгартнер со која моментално е во процес на развод.
Макфакс