Македонија

Зеленски и се заблагодари на Македонија за приклучувањето кон декларацијата на Г-7

Зеленски: Вчера имавме добар и моќен ден на фронтот, особено кај Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се заблагодари на Северна Македонија за приклучувањето кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина.

– Благодарен сум ѝ на Северна Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори на премиерот Димитар Ковачевски за зајакнување на партнерството на нашите земји, објави Зеленски на Твитер.

Земјите од Г7 на маргините на самитот на НАТО во Вилнус, објавија безбедносна рамка за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел да се одбрани земјата од Русија. Г7 ја потврдија посветеноста на стратешката цел за слободна, независна, демократска и суверена Украина, во нејзините меѓународно признати граници, способна да се брани и да се спротивстави на идната агресија.

На почеток