Македонија

Додека странските пензионери патуваат, македонските се мачат да преживеат

Ако погледнеме статистички податоци од Евростат, шведските пензионери најмногу патуваат, но слични навики имаат и пензионерите од Данска, Холандија, Франција, што не е случај со македонските пензионери кои драстично помалку шетаат, пишува Фактор.

Се наведува дека луѓето над 65 години во Европа практикуваат подолги патувања, затоа што по пензионирањето имаат слободно време. Македонските пензионери обично патуваат организирано и тоа најчесто на домашен терен.

„Ние имаме годишна програма за екскурзии, пролетни и есенски. Пензионерите по симболична цена посетуваат места во Македонија, манастири, излетнички места. Ние сме за зголемување на стандардот на пензионерите, но тоа да биде реално, издржано и да се направи по институционален пат“, вели Даница Петличкова, претседателка на Здружението на пензионери Битола.

Од туристичките агенции објаснуваат дека македонските пензионери за одмор обично ја бираат соседна Грција, дел Албанија, но тешко можат да си дозволат посета на некои поскапи и поегзотични, подалечни дестинации.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток