Македонија

Се уште нема одговор за иницијативите за Вејце, Карпалак и Љуботенски Бачила

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во денешната утринска емисија на Канал 5 рече дека се уште нејзиното министерство не добило одговор за поднесените иницијативи за споменици за масакрите кај Вејце, Карпалак и Љуботенски Бачила.

Таа дополнии дека ги чека одговорите од надлежните општини, согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.

“Не е идејата ниту да се надмудруваме, ниту да создаваме дополнителни конфликти, затоа што знаете како, во државата и на централно и на локално ниво граѓаните очекуваат од нас да ги решаваме проблемите за кои сме поставени, а не да креираме нови проблеми“, рече Петровска.

Министерката порача дека од овој настан не сака да прави медиумска атракција ниту да го користи за популистички цели.

“Ако било кој од градоначалниците сметаат дека иницијативата е неправилно поднесена, се разбира може во писмена форма да одговорат, а јас како министерка добро знам која ќе биде следната фаза за реализацијата на оваа идеја“ истакна министерката.

На почеток