Македонија

Славјанка Петровска: Вистината е дека денес пратениците на ДПМНЕ гласаа против Законот за бранителите

„Денес се запечати најголемата лага на ДПМНЕ, а излезе на виделина нивното лицемерие, познато како пред и по избори“, напиша Славјанка Петровска, пратеничка од СДСМ и додава:

„Вистината е дека денес пратениците на ДПМНЕ гласаа против Законот за бранителите. Во декември 2023 го блокираа Законот за вработени во одбраната, под изговор дека додека не се донесе тогашниот предлог на Законот за бранителите нема да се донесе Законот за вработените во одбраната. Реалноста е дека Законот за вработени во одбраната е донесен, ама денес не го поддржаа одблокирањето на Законот за бранители.

За 8 месеци власт, десетина лаги на ДПМНЕ се обелоденија, но најголемата вистина е дека ним граѓаните никогаш не им биле важни“.

На почеток