Македонија

Славјанка го доби Ковачки на суд, оти нема хациенда со базен како што тврдеше пратеникот

Министерката за одбрана Славјанка Петровска го доби на суд пратеникот Драган Ковачки, оти не било точно дека таа поседувала хациенда со базен во Радишани. Судот досудил и да и се исплатата 610.000 евра, надомест од кој Петровска се откажала.

„Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста“, вели Петровска.

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: “Пари од нечесник не сакам” и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест. Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава таа.

На почеток