Македонија

Предлогот за разрешување на Коцевски утре пред Мицкоски

Владата на утрешната седница ќе го разгледа доставеното мислење од Министерството за правда за разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски, а потоа иницијатива ќе патува кај членовите на Советот на јавни обвинители.

“На утрешната владина седница ќе се разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски истото ќе се достави до Советот на јавни обвинители. Како Влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем, довербата на граѓаните е сериозно нарушена и затоа сме силно посветени конечно да владее правото и да имаме правна држава”, велат од Владата.

Владата утре ќе го разгледа мислењето од правда за Коцевски, а во кое е наведено дека Коцевски постапувал по случаи во кои постоело судир на интереси, како и дека тој требало да биде однапред свесен за тоа и да се изземе од таквите предмети.

Советот ќе има рок од 15 дена да одговори, а независно од тоа какво ќе биде мислењето последниот збор за смена на Коцевски ќе го има Собранието. За смена на државен јавен обвинител потребни се 61 пратенички глас.

На почеток